НАСТАВНИ ПРОГРАМИ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ НА ВОЗРАСНИТЕ

Унапредување на системот на образование подразбира конкурентност и подобри можностите за сите

ПРЕДГОВОР

Образованието претставува еден од најстратешките столбови за развој на една држава поврзано со фундаменталното право за човечки, социјален и економскиот развој како клучен елемент за постигнување траен мир и одржлив развој. Образованието, пак, на возрасните во меѓународни рамки се препознава како суштински двигател на општествениот развој и економскиот раст како премин кон создавањето подобри работни места и зголемување на квалитетот на живот. Од тие причини, образованието на возрасните во рамките на ЕУ во последните две децении претставува и политички приоритет.

Зборуваме за севкупен процес - моќна алатка за развивање на целосниот потенцијал кај секој поединец промовирајќи индивидуална и колективна благосостојба.

Градењето платформа за сеопфатен и интегриран систем за доживотно учење преку воспоставување практични партнерства на образованите институции со приватениот сектор, невладиниот сектор и други релеватни чинители е неминовно поврзано со процесите за модернизација на моделите за образование на возрасни.

Следејќи ги насоките од Организацијата на Обединетите нации кои говорат за образование кое е достапно, пристапно, прифатливо и приспособено во сите негови форми и на сите нивоа, Република Северна Македонија постојано работи на унапредување на системот на образование како клучен фактор за влез и членство ЕУ. Од тие причини, образованието на возрасните во рамките на ЕУ во последните две децении претставува и политички приоритет.

Наставните програми поставени на оваа онлајн платформа и достапни на два јазика ги дефинираат улогите и одговорностите на националните партнери, истакнувајќи ја потребата од создавање на функционален информатички систем и база на податоци, со што ќе се обезбеди и ќе се гарантира квалитетот на основното образование за возрасните.

Во оваа прилика сакам да упатам посебна благодарност кон Програмата за развој на Обединетите нации кои со целиот свој професионален капацитет дадоа свој придонес кон финализирани на наставните планови за возрасни. Долгогодишната соработка и меѓусебна поддршка на Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) се наши стратешки определби кои и понатаму ќе ги негуваме и развиваме.

Ги охрабрувам сите заинтересирани просветни работници, практичари и студенти да ги разгледаат материјалите, проактивно да се вклучат во нивна примена. Системската поддршка за реализацијата на потенцијалите на сите граѓани на еднаква основа со сите е практично остварување на едно од основните човекови права- правото на квалитетно образование во текот на целиот животен век.

Со почит,
Министер за образование и наука,
Јетон Шaќири

Концепција за образование за возрасни

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ВОЗРАСНИ